Линкови за пристапност

Блиска средба на британска фрегата и руски воен брод во Северно Море


Британска фрегата придружуваше руски воен брод, којшто на Божиќ помина низ Северното Море, во близина на територијалните води на Велика Британија.

Од Кралската морнарица велат дека иако таквите премини се рутински, последниве денови има пораст на бројот на руски бродови кои поминуваат близу британските територијални води.

Велика Британија неодамна предупреди на постоењето на руска закана за интернет-каблите кои се инсталирани на морското дно и кои ги поврзуваат државите и континентите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG