Линкови за пристапност

Жртви и повредени при експлозија во Санкт Петерсбург


Руските власти соопштија дека во инцидентот во метро-станица во центарот на градот, загинале 10 лица, 50-тина се повредени, од кои, шестмина се во критична состојба.

Според руската новинска агенција Интерфакс, властите во моментов трагаат по двајца осомничени.

Истрагата е во тек, а надлежните не ја исклучуваат можноста за тероризам. Интерфакс цитира неименувани извори кои велат дека експлозијата е причинета од шрапнел-бомба и дека безбедносните камери можно е да имаат снимка од лицето кое направата ја носело во актовка. Во меѓувреме, била пронајдена и онеспособена и втора направа.

Американскиот претседател Доналд Трамп, инцидинетот го нарече "ужасен акт".

Руските власти претходно соопштија дека најмалку 10 лица загинале, 50-тина други се повредени во најмалку една експлозија во метро-станицата близу плоштадот Сенаја во центарот на Санкт Петерсбург.

Сите метро-станици во градот се затворени.

Не е познато кој стои зад инцидентот, но рускиот претседател Владимир Путин кажа дека истрагата е во тек и се разгледуваат сите можности, вклучувајќи и тероризам.

„Причините засега не се познати, така што рано е да зборува за нив. Ќе се дознае од истрагата. Но, секако секогаш ги разгледуваме сите опции, вклучувајќи го и тероризмот“, кажа тој.

Путин пристигна во Санкт Петерсбург денеска, а требаше да има свое обраќање на годишен форум за медиуми, организиран од политичко движење поддржано од Кремљ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG