Не стивнуваат реакциите по атентатот на рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов. Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп убиството го нарече „прекршување на сите правила на цивилизиран ред, а напаѓачот го нарече „радикален исламски терорист“.
Порпаролот на Белата куќа, Нед Прајс истакна дека САД остро го осудуваат убиството и испраќаат сочувство до семејството на амбасадорот и до руската влада и народ.
Осуда стигна и од Советот за безбедност на ОН и Генералниот секретар Бан Ки Мун, кој кажа дека е ужаснат од бесчувствителниот акт на тероризам.
Рускиот претседател Владимир Путин убиството го нарече терористички акт и побара истрага. Од Турција побара да го засили обезбедувањето во руските дипломатски претставништва. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган убиството го нарече провокација додавајќи дека Турција и Русија имаат волја да не бидат измамени.