Линкови за пристапност

Амнести: Русија одговорна за цивилни жртви во Сирија


„Руските воздушни напади убија 200 цивили во Сирија“ стои во најновиот извештај на групата за човекови права Амнести Интернешанал

Амнести Интернешанал со нов извештај во средата, ги интензивираше критиките на руската воздушна кампања во Сирија, велејќи дека за време на бомбардирањата загинале најмалку двесте цивили во провинциите Хомс, Идлиб и Алепо.

Групата за човекови права објави дека руските воздушни напади погодиле домови и болници и дека нивното истражување покажува дека немало борци или воени цели во близина.

„Некои од руските воздушни напади покажуваат дека директно имаат нападнато цивили или цивилни објекти во очигледно населени места во кои нема воена цел, па дури и болници, што резултира со смрт и повреди на цивили, вели Филип Лутер, директорот на програмата на „Амнести Мидл Ист“.

Амнести исто така објави дека имаат доказ дека Русија употребувала касетни бомби. Москва не одговори на извештајот на Амнести Интернешанал.

XS
SM
MD
LG