Линкови за пристапност

Започнува самитот Русија - Африка


Официјални африкански претставници и бизнисмени денеска се собираат во Сочи, во Русија, на дводневен самит, организиран за зајакнување на односите меѓу Руската Федерација и сите 54 африкански нации.

Москва се надева дека самитот, чии копретседавачи се рускиот претседател Владимир Путин и египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, ќе поттикнат економско, безбедносно и политичко партнерство.

Проширените врски со Русија значат поголема флексибилност за африканските држави во потрага по меѓународна соработка, изјави за Гласот на Америка поранешниот генерален потсекретар за политички прашања на ОН, Џејмс Џона.

Русија, исто така, можеби се надева дека ќе ја исполни воочената празнина оставена од САД, чие присуство во Африка се чини дека опаѓа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG