Линкови за пристапност

Путин го номинираше поранешниот прв даночник Михаил Мишустин за нов премиер на Русија


Долгогодишниот премиер Дмитри Медведев вчера поднесе оставка, по предлогот на Путин за големи уставни промени

Руските законодавци денес се очекува да му дадат голема поддршка на Михаил Мишустин, изборот на претседателот Владимир Путин за нов премиер на Русија.

Гласањето доаѓа откако вчера долгогодишниот премиер Дмитри Медведев поднесе оставка, по предлогот на Путин за големи уставни промени, со кои треба да се зацврсти парламентот на сметка на претседателството.

Путин го номинираше 53-годишниот Мишустин, кој е поранешен прв даночник, но, малку познат во јавноста.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG