Линкови за пристапност

Истрага за падот на рускиот патнички авион


Во несреќата загинаа 71 лице

Спасувачки екипи и истражители ја пребаруваат областа во близина на Москва, каде вчера се урна патнички авион, трагајќи по човечки останки и индиции за причините за несреќата во која загинаа 71 лице, вклучувајќи го екипажот и три деца.

На местото на несреќата биле распоредени повеќе од 400 лица и 70 возила, објавија од руското Министерство за вонредни состојби.

Претседателот Владимир Путин наредил формирање на специјална комисија за да ја испита причината за уривањето на авионот Антонов АН-148 кратко по полетувањето. Се наведуваат неколку можни причини за несреќата: човечка грешка, технички дефект и временските услови, но не се споменува можноста од тероризам.

Регионалниот авион, управуван од „Саратов ерлајнс“, летал на релација од аеродромот Домодедово до градот Орск во регионот Оренбург, кога се урнал во близина на Аргуново, околу 80 километри јужно од Москва.

Руските медиуми објавија дека властите пронашле еден рекордер на летот, но не е јасно дали на него има снимени податоци.

Претседателот на СА, Доналд Трамп, им се придружи на светските лидери, изразувајќи му сочувство на Путин и на рускиот народ. „САД се длабоко ожалостени од трагичната смрт на лицата во авионот на „Саратов ерлајнс 703“. Испраќаме сочувство до семејствата и рускиот народ “, се вели во соопштението на Белата куќа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG