Линкови за пристапност

Рускиот суд соопшти дека американскиот новинар Гершкович ќе остане во притвор


САД велат дека Еван Гершкович е незаконски приведен под обвинение за шпионажа.
САД велат дека Еван Гершкович е незаконски приведен под обвинение за шпионажа.

Рускиот суд соопшти дека американскиот новинар Еван Гершкович ќе остане во притвор до 30 март.

Судот ја отфрли жалбата на претходната одлука за продолжување на притворот на новинарот на Волстрит журнал до тој датум додека тој се соочува со обвиненија за шпионажа.

Гершкович и весникот ги отфрлија наводите. Русија не обезбеди докази за поддршка на обвиненијата.

Стејт департментот на САД, исто така, го прогласи Гершкович за неправедно приведен.

32-годишниот Гершкович беше уапсен додека бил на патување за известување во рускиот град Екатеринбург во март 2023 година.

Руските медиуми објавија дека властите во Екатеринбург уапсиле жена со двојно американско-руско државјанство под обвинение дека и дала финансиска помош на Украина.

„Федералната служба за безбедност во Екатеринбург ги потисна незаконските активности на 33-годишен жител на Лос Анџелес, кој има двојно државјанство на Русија и САД“, ја цитира агенцијата ТАСС руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Портпаролот на американската амбасада во Москва за Гласот на Америка изјави дека е запознаен со извештаите, но одби дополнително да коментира за ситуацијата.

Некои информации за овој извештај дојдоа од агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG