Линкови за пристапност

Рускиот претседател пристигнува во Кина


Путин ќе се сретне со кинескиот колега Шји на маргините на форумот „Појас и пат“.
Путин ќе се сретне со кинескиот колега Шји на маргините на форумот „Појас и пат“.

Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот пристигна во Пекинг.

Путин ќе присуствува на форумот свикан од кинескиот лидер Шји Џингпинг за да ја одбележи 10-годишнината од неговата потписна иницијатива „Појас и пат“, програма која Кина ја користи за изградба на огромни инфраструктурни проекти низ Азија, Африка, Латинска Америка и делови од Источна и Јужна Европа.

Кремљ соопшти дека Путин и Шји ќе се сретнат на маргините на форумот в среда.

Двајцата лидери минатата година потпишаа ветување за прогласување билатерални односи „без ограничувања“ само неколку недели пред руските трупи да ја нападнат Украина. Оттогаш Пекинг стана најсигурниот економски и дипломатски партнер на Москва, бидејќи западните земји воведоа строги економски санкции како одговор на инвазијата.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес, Ројтерс, агенцијата Франс прес.

XS
SM
MD
LG