Линкови за пристапност

Рускиот претседател оваа недела ќе ја посети Кина


Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Владимир Путин ќе отпатува во Пекинг во четврток на дводневен престој на покана на кинескиот колега Шји Џингпинг.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Владимир Путин ќе отпатува во Пекинг во четврток на дводневен престој на покана на кинескиот колега Шји Џингпинг.

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин ќе допатува во официјална посета на Кина подоцна оваа недела.

Министерството соопшти дека Путин ќе пристигне во Пекинг во четврток во дводневна посета на покана на кинескиот претседател Шји Џинпинг. Патувањето ќе биде прва посета на Путин во странство по неговиот реизбор во март за петти мандат на функцијата и негова втора посета на Кина во последните шест месеци.

Тој отпатува во Пекинг во октомври за да присуствува на форумот за иницијативата „Појас и пат“ на претседателот Шји, која беше лансирана во 2013 година за да се поттикне трговијата и инвестициите преку подобрување на транспортните врски на Кина со остатокот од светот.

Само неколку недели пред руските трупи да ја нападнат Украина во февруари 2022 година, Шји и Путин потпишаа ветување со кое го прогласија нивното билатерално партнерство „без граници“. Оттогаш Пекинг стана најсигурниот економски и дипломатски партнер на Москва, бидејќи западните земји воведоа строги економски санкции како одговор на инвазијата.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес, агенција Франс прес.

XS
SM
MD
LG