Линкови за пристапност

Руски ракетен напад врз Краматорск


Украинскиот град Краматорск се наоѓа западно од борбената зона во Доњецк во источна Украина.  
Украинскиот град Краматорск се наоѓа западно од борбената зона во Доњецк во источна Украина.  

Украинските власти соопштија дека при руски ракатен напад врз градот Краматорск загинале најмалку девет лица, а повеќе од 50 се повредени.

Службите за итни случаи објавија фотографија од спасувачките тимови кои пребаруваат низ урнатините на локација, каде што има и ресторан.

Градот Краматорск се наоѓа западно од борбената зона во Доњецк во источна Украина.

При напад од страна на Русија на железничката на градот во април минатата година загинаа 63 лица.

Украина исто така извести за руски ракетен напад во вторникот во Кременчук, кој се случи на точно една година по рускиот напад таму кога загинаа намалку 20 луѓе во трговски центар.

„Секоја манифестација на терор на нам и на целиот свет одново и одново ни докажува дека Русија заслужува само едно нешто како резултат на тоа што го направи – пораз, трибунал, фер и законски судења против сите руски убијци и терористи“, рече доцна во вторникот украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Воздушна одбрана

Литванија соопшти дека за војската на Украина купува два системи за одбрана – „NASAMS“, норвешки напреден ракетен систем.

Литванскиот претседател Гитанс Науседа го објави договорот на посетата во Киев и средбата со Зеленски.

„NASAMS ќе пристигнат во Украина во блиска иднина“, напиша Науседа на социјалните мрежи.

Зеленски го поздрави потегот и изрази благодарност до литванскиот колега.

„Ова е важен и навремен придонес за заштита на небото на Украина за спасување на животите на Украинците“, рече Зеленски.

Дел од информациите се од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG