Линкови за пристапност

Руски медиуми: Кремљ планира да распореди балистички ракети на финската граница


Плановите за распоредување доаѓаат додека Хелсинки го разгледува законот за блокирање на барателите на азил кои преминуваат од Русија, обвинувајќи ја Москва за вооружување на миграциите.
Плановите за распоредување доаѓаат додека Хелсинки го разгледува законот за блокирање на барателите на азил кои преминуваат од Русија, обвинувајќи ја Москва за вооружување на миграциите.

Руските медиуми јавуваат дека Кремљ планира да распореди балистички ракети блиску до границата со Финска. Тоа е најновата во серијата воени и хибридни закани што Русија ги упати кон нордиската држава откако таа се приклучи на НАТО во април минатата година, по инвазијата на Москва на Украина.

Рускиот весник „Известија“ во понеделникот објави дека нова бригада ќе биде распоредена во регионот Карелија што се граничи со Финска, опремена со балистички ракетен систем „Искандер-М“.

Извештајот на „Известија“ го цитираше поранешниот командант на руската Балтичка флота, адмирал Владимир Валуев, кој за весникот изјави дека „...формирањето на ракетна бригада е многу навремена одлука. Ова е соодветен одговор на пристапот на Финска во НАТО“.

И покрај близината до Финска, потенцијалното распоредување не предизвикува тревога во Хелсинки, рече безбедносниот аналитичар Чарли Салониус-Пастернак од Финскиот институт за меѓународни односи.

„Ова навистина не е новост. И, се разбира, објавувањето нешто и потоа преземањето нешто во врска со тоа се две многу различни работи кога станува збор од Русија. Значи, генерално, навистина не видовме многу друго освен реторика“, изјави тој за Гласот на Америка.

Финска предупреди дека се соочува со различни безбедносни и хибридни закани од Русија откако се приклучи на НАТО

Во втората половина на 2023 година, по пристапувањето на Финска во алијансата, над 1.300 мигранти од земји како Јемен, Сирија и Сомалија почнаа да пристигнуваат на финско-руската граница за да се обидат да бараат азил.

Хелсинки ги затвори сите премини долж границата во ноември, обвинувајќи го Кремљ за вооружување на миграцијата. Тие беа повторно отворени накратко, но брзо беа затворени по уште еден пораст на пристигнувања на мигранти. Затворањето беше продолжено на неодредено време претходно овој месец.

Финска сака Европската унија да помогне во спречувањето на каква било идна мигрантска криза.

Финскиот премиер Петри Орпо беше домаќин на претседателката на Комисијата на Европската унија Урсула фон дер Лајен на турнеја низ пограничниот регион во петокот.

„Сега треба да најдеме заеднички решенија за да го запреме овој феномен кога Русија користи илегални имигранти против нас. Подготвуваме сопствено законодавство, но ни требаат и мерки на ниво на ЕУ“, рече Орпо.

Фон дер Лајен вети поддршка од ЕУ.

„Ова е нов феномен. Тоа е хибридна закана и треба да се справи (со) како хибридна закана за националната безбедност. И она што го гледаме е дека една држава ги инструментализира сиромашните луѓе да вршат притисок врз друга држава. Значи, тоа е јасно безбедносно прашање, и со тоа сигурно ќе се занимаваме доста долго и ќе мора да се подготвиме за тоа“, изјави таа за новинарите на граничниот премин Иматра на руската граница.

Финска гради ограда долж дел од границата долга 1.340 километри и ги зголемува патролите. Владата расправа за законодавството за блокирање на барателите на азил кои влегуваат од Русија. Фон дер Лајен рече дека сите такви мерки мора да постигнат рамнотежа помеѓу заштитата на безбедноста и меѓународните обврски за правата на бегалците.

Заканите ја надминуваат мигрантската криза, рече аналитичарот Чарли Салониус-Пастернак.

„Руските безбедносни служби, откако некои од овие лица ќе пристигнат во Финска, се обидуваат да ги регрутираат за потоа да предизвикаат дополнителен хаос во Финска“, вели тој.

Тоа е дел од хибридната кампања на Русија против Финска и другите сојузници на НАТО, додаде Салониус-Пастернак.

„Руските копнени сили, се разбира, се ангажирани во Украина, така што навистина не видовме многу (воени закани), освен некои ставови. Но, секако има очекување од финските власти дека сајбер-нападите, можеби и други напади врз инфраструктурата, како и ова вооружување на луѓето, ќе продолжат. Сега кога зимата полека се повлекува овде, долгата граница станува, се разбира, многу попроодна“, рече Салониус-Пастернак.

Русија негира дека се обидува да создаде мигрантска криза на финската граница. Москва го опиша пристапот на Финска во НАТО како „историска грешка“ што би ја принудила да преземе, како што рече, „контрамерки“.

XS
SM
MD
LG