Линкови за пристапност

Руската војска соборила украински дронови близу Москва


Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзината воздушна одбрана соборила два украински беспилотни летала над регионот Тула.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзината воздушна одбрана соборила два украински беспилотни летала над регионот Тула.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзината воздушна одбрана соборила два украински беспилотни летала јужно од Москва.

Министерството соопшти дека беспилотните летала биле соборени над регионот Тула. Не даде никакви детали за каква било поврзана штета.

Украина рутински ја гаѓаше Русија, вклучително и московскиот регион, со беспилотни летала во последните недели.

Кина е главниот снабдувач на клучните компоненти за руските беспилотни летала што се користат против Украина, објави Меѓународната работна група за руски санкции.

Со групата копретседаваат Андриј Јермак, шеф на Канцеларијата на претседателот на Украина и поранешниот американски амбасадор Мајкл Мекфол, директор на Институтот за меѓународни студии Фриман-Спогли.

Русија во голема мера се потпира на компоненти произведени од странство, особено на микроелектрониката во три од моделите на беспилотни летала што се користат за напад на Украина.

Според студија, 67% од пратките на компоненти за дронови доаѓаат од Кина, додека 17% од нив одат преку Хонг Конг до Русија. Турција и Обединетите Арапски Емирати сочинуваат 5% и 2% од компонентите.

Во беспилотните летала се пронајдени и компоненти направени во Јапонија, Република Кореја, Швајцарија и други земји, вклучувајќи процесори, чипови, транзистори и други витални компоненти.

„Русија е исклучително активна во користењето беспилотни летала за масовни напади врз инфраструктурата, цивилните и воените цели во Украина, па затоа е многу вознемирувачко да се види дека важните компоненти за производство на непријателски беспилотни летала доаѓаат од различни земји, вклучувајќи ги и сојузниците на Украина. Ова прашање бара итен одговор. Мораме да преземеме сеопфатни мерки за да го спречиме агресорот да користи критични компоненти за продолжување на непријателствата на украинска територија“, истакна Јермак.

Експертите на групата ги повикаа производителите да направат повеќе за да ја спречат Русија да пристапи до нивните производи, притоа заобиколувајќи ги економските санкции. Исто така, се препорчува владите да истражат познати компании кои не ја почитуваат политиката на санкции.

Дел од информациите се од Асошиетед прес, Агенцијата Франс – прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG