Линкови за пристапност

Руската новинарка нападна во Чеченија се врати во Москва да се лекува


Напаѓачите, рече таа и ја избричиле главата, па и исторуле зелена боја.
Напаѓачите, рече таа и ја избричиле главата, па и исторуле зелена боја.

МОСКВА – Наградуваната руска истражувачка новинарка Елена Милашина, која беше тешко претепана неделава во република Чеченија, е во „тешка“ состојба во болница во Москва, изјави нејзиниот уредник за агенцијата Франс прес.

Меѓународните медиумски застапници и групи за права изразија загриженост откако Милашина рече дека била претепана и и се заканувале со пиштол за време на работно патување во јужниот дел на Русија.

„Милашина е во Москва во болница. Нејзината состојба, искрено е тешка. Таа беше навистина тешко претепана“, изјави за АФП уредникот на весникот „Новаја газета“, Дмитри Муратов, каде што работи таа.

„Новаја Газета“ објави видео од Милашина во болница со избричена глава и преврзани раце. Милашина била нападната заедно со адвокатот Александар Немов, кој е пребоден со нож.

Во видео интервју, 45-годишната новинарка рече дека околу 10 до 15 напаѓачи ја претепале со пластични цевки.

Милашина, која долги години покриваше кршење на правата во Чеченија, рече дека властите рутински користеле такви цевки за да ги напаѓаат затворениците во Чеченија. Малашина рече дека пишувала за оваа практика порано и дека сега го дожвиеала тоа за првпат.

„Тоа е моќно оружје“, вели таа во видеото. „Навистина болеше“.

Напаѓачите, кои барале таа да ја открие лозинката од телефонот, и се заканувале дека ќе и ги скршат прстите.

Милашина рече дека нападот е поврзан со нејзината работа со Немов. Таа ги слушнала напаѓачите како му кажуваат на адвокатот: „Ти браниш премногу луѓе овде“.

Напаѓачите, рече таа и ја избричиле главата, па и исторуле зелена боја.

Кремљ и лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, рекоа дека одговорните треба да бидат идентификувани.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин рече дека ќе биде потребно време за да се спроведе целосна истрага и дека истражителите си ја вршат својата работа.

„Да почекаме. Сите реакции се искажани и сега се преземаат сите активности“, изјави портпаролот Дмитриј Песков.

Милашина следеше теми поврзани со кршење на правата во Чеченија, кавкаската република со која со години владееше Кадиров, поранешен воен лидер.

Од 2000 година, „Новаја Газета виде убиени шест нејзини новинари и соработници, вклучително и истражувачката новинарка Ана Политковскаја, која беше застрелана во Москва на роденденот на претседателот Путин.

Од 2000 година убиени се шест новинари и соработници на „Новаја Газета“, вклучително и истражувачката новинарка Ана Политковскаја, која беше застрелана во Москва за роденденот на рускиот претседател Путин.

XS
SM
MD
LG