Линкови за пристапност

Русија вели дека го зголемува производството на ракети за противвоздушна одбрана


Имаме повеќе од двојно производство на проектили што ни се потребни за воздушна одбрана, рече министерот за одбрана Сергеј Шојгу
Имаме повеќе од двојно производство на проектили што ни се потребни за воздушна одбрана, рече министерот за одбрана Сергеј Шојгу

Русија го зголемува производството на ракети за противвоздушна одбрана, изјави министерот за одбрана Сергеј Шојгу на видеоснимка објавена денес, додавајќи дека има „клучни прашања“ кои треба да се решат.

Објавувањето на снимката од страна на Министерството за одбрана следи по ударите на беспилотни летала лансирани од Украина врз руските градови и енергетската инфраструктура, додека Москва продолжува со својата воена кампања против Киев.

„Има значително зголемување на обемот на производството. Имаме повеќе од двојно производство на проектили што ни се потребни за воздушна одбрана“, рече тој во една фабрика.

„Но, има некои клучни прашања што треба да ги решиме“.

Министерството за одбрана ги објави видеата на својот канал Телеграм.

XS
SM
MD
LG