Линкови за пристапност

Русија тврди дека Украина лансирала беспилотно летало таргетирајќи го Путин во Кремљ


Руското тврдење не можеше веднаш да се потврди, а украински функционер рече дека владата во Киев нема никаква врска со каков било наводен напад со беспилотно летало врз Кремљ
Руското тврдење не можеше веднаш да се потврди, а украински функционер рече дека владата во Киев нема никаква врска со каков било наводен напад со беспилотно летало врз Кремљ

Кремљ тврди дека Украина лансирала два дрона во резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во текот на ноќта, но дека безбедносните служби ги оневозможиле, а рускиот лидер не бил повреден.

Руското тврдење не можеше веднаш да се потврди, а украински функционер рече дека владата во Киев нема никаква врска со каков било наводен напад со беспилотно летало врз Кремљ.

Москва, во соопштението, рече дека некои остатоци од соборувањето на беспилотните летала се расфрлани на територијата на Кремљ, но нема жртви.

Кремљ соопшти дека „ги смета овие дејствија како планиран терористички напад и обид врз претседателот“ и го задржа правото да возврати. Се вели дека „навремените активности преземени од војската и специјалните служби“ ги оневозможиле беспилотните летала.

Путин не бил во Кремљ во моментот на инцидентот, според неговиот портпарол Дмитриј Песков.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека не може да ги потврди извештаите на Кремљ.

„Би земал се` што ќе излезе од Кремљ со многу голема резерва“, рече тој.

Украинскиот претседателски советник Михаило Подољак во коментарите испратени до новинската агенција Ројтерс рече дека наводот дека Киев стои зад нападот и руското апсење на наводните украински саботери на Крим, може да сигнализира дека Москва планира „терористички“ напад од големи размери против Украина во наредните денови.

„Се разбира, Украина нема никаква врска со нападите со беспилотни летала врз Кремљ. Ние не го напаѓаме Кремљ затоа што, пред сè, тоа не решава никакви воени задачи“, рече Подољак.

„Според мое мислење, апсолутно е очигледно дека и извештаите за напад врз Кремљ и истовремено наводното приведување на украински саботери на Крим, јасно укажуваат на подготовка на терористичка провокација од големи размери од страна на Русија во наредните денови“, рече Подолјак.

Руските власти известија за низа напади со беспилотни летала во последните месеци, главно на руска територија во близина на границата со Украина, иако барем еден од нив бил јужно од Москва.

Руската престолнина се наоѓа на 450 километри североисточно од границата со Украина во нејзината плакарна точка.

Украина не презеде директна одговорност за нападите, но често тврди дека ги враќала проектилите и беспилотните летала лансирани во Украина.

Дел од информациите во текстот се преземени од АП, Ројтерс и агенцијата Франс-прес

XS
SM
MD
LG