Русија во понеделникот соопшти дека нејзините сили одбиле голем украински напад во областа Доњецк во јужна Украина.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека целта на украинската страна е да се обиде да го пробие она што тие го сметаа за најслаба област долж линијата на фронтот, но дека тоа „немаше успех“.
Украинскиот напад, соопшти Русија, вклучувал шест механизирани баталјони и два тенковски баталјони.
Доњецк е една од областите окупирани од Русија за кои претседателот Владимир Путин тврдеше дека ги анектира минатата година, потег што беше отфрлен од меѓународната заедница.
Не е јасно дали пријавениот украински напад бил дел од долгопланираната контраофанзива на Украина во обид да ги повратат областите што руските сили ги зазедоа откако започнаа целосна инвазија на почетокот на минатата година.
Украинската војска за време на дневниот извештај соопшти дека имало 29 борбени судири во регионите Доњецк и Луганск.
Украински деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го искористи своето ноќно обраќање во неделата за да се потсети на децата кои загинаа „како резултат на руската агресија“ од 2014 година, вклучително и 2-годишно девојче во регионот Днепро доцна во саботата.
„Денес во нашата земја е ден на сеќавање на децата кои загинаа како резултат на руската агресија oд 2014 година. Децата кои ќе беа живи ако еден куп насилници во Кремљ, во Москва, не се сметаа себеси за поглавари кои наводно имале право да одлучуваат за судбината на нациите“, рече Зеленски.
Зеленски рече дека 485 деца ги загубиле животите од руските напади.
„Ова е бројка што можеме официјално да ја потврдиме, знаејќи ги податоците за секое дете. Вистинската бројка е многу поголема“, рече тој.
Тој, исто така, ги забележа 19.505 украински деца кои се депортирани во Русија и сè уште се „во рацете на непријателот“.
Обединетите нации соопштија дека околу 1.000 други украински деца се ранети.
Руски војници заробени
Исто така во неделата, проукраинската група руски партизани тврдеше дека заробила неколку руски војници за време на прекугранична рација во јужна Русија и дека ќе им ги предаде на украинските власти, објави Ројтерс.
Легијата на Слободата на Русија и Рускиот волонтерски корпус, проукраинска група руски партизани, ја презедоа одговорноста за низата прекугранични напади во рускиот регион Белгород.
Во видеото објавено на каналот „Слобода на Русија“ на апликацијата за пораки „Телеграм“, маж кој се идентификува како командант на рускиот волонтерски корпус покажа дека околу десетина руски војници се држат во заробеништво, од кои двајца лежат на болнички кревети.
Командантот побарал средба со гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, во замена за заробениците.
„Денес до 17 часот имате можност да комуницирате без оружје и да однесете дома двајца руски граѓани, обични војници кои вие и вашето политичко раководство ги испративте на колеж“, стои во заедничката изјава објавена заедно со видеото.
Три часа подоцна, Гладков се согласил да се сретне со групата под услов војниците да се сè уште живи.
Но, во подоцнежно видео, членот на корпусот рече дека Гладков не се појавил на назначеното место за состаноци.
„Веќе ја решивме судбината на овие момци“, рече тој.
„Тие ќе бидат префрлени на украинската страна за процедурата за размена“, рече членот на корпусот.
Украина негираше директна вмешаност во прекуграничните напади.
Некои информации за оваа сторија дојдоа од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.