Линкови за пристапност

Русија приведе жена осомничена за бомбашкиот напад во кој беше убиен провоениот блогер


Властите во Русија соопштија дека привеле жена осомничена под сомнение дека била вмешана во бомбашкиот напад на кафуле во Санкт Петербург, во кој загина истакнат воен блогер кој силно ја поддржувал руската војна во Украина.

Рускиот истражен комитет ја идентификуваше осомничената како 26-годишната Дарја Триопова, руска државјанка која претходно била приведена поради учество на антивоени собири.

Руските новински агенции објавија дека експлозијата во неделата во која загина Владлен Татарски се случила откако му била дадена статуетка во која била скриена бомба.

Во експлозијата беа ранети повеќе од 30 други лица.

Татарски беше името што го користеше Максим Фомин, кој имаше стотици илјади следбеници за неговиот блог кој ја поддржува руската инвазија на Украина.

Највисоката руска антитерористичка агенција ги обвини украинските безбедносни агенции за нападот.

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак во неделата на Твитер објави дека е само прашање на време додека „домашниот тероризам ќе стане инструмент за внатрешна политичка борба“ во Русија.

Некои информации за оваа содржина се преземени од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG