Линкови за пристапност

Русија извести за напад со украинско беспилотно летало врз Москва


Зеленски вели дека на неговите сили им треба оружје со долг дострел
Зеленски вели дека на неговите сили им треба оружје со долг дострел

Руските власти во вторникот соопштија дека воздушната одбрана соборила неколку украински беспилотни летала насочени кон Москва, а остатоците од едно беспилотно летало удриле во висока зграда во руската престолнина.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на Телеграм изјави дека зградата е истата што беше погодена за време на друг напад со украинско беспилотно летало во неделата.

Нема информации за повредени од нападот во вторникот.

Руското Министерство за одбрана во вторникот соопшти дека нивните сили спречиле напад на три украински морски беспилотни летала, чија цел била пар руски патролни бродови во Црното Море.

Русија соопшти дека нападот се случил на околу 340 километри југозападно од Севастопол.

Руски напади

Властите во јужниот украински град Керсон соопштија дека руското гранатирање во вторникот погодило болница, при што загинал лекар и ранила медицинска сестра.

This image contains sensitive content which some people may find offensive or disturbing.

Во регионот Харков, официјални лица во вторникот рекоа дека руските напади со помош на беспилотни летала Шахед од иранско производство погодиле зграда во образовна институција и зграда во спортски комплекс.

Руските напади врз украинските градови оставија траги од мртви и повредени, што го натера украинскиот претседател Володимир Зеленски да ја нагласи потребата на Украина од оружје со долг дострел.

Најмалку шест лица загинаа од два руски проектили што го погодија градот Криви Рих во јужна Украина, родниот град на Зеленски, соопштија во понеделникот украинските власти.

За време на неговото ноќно видео обраќање во понеделникот, Зеленскиј рече дека прелиминарните податоци покажуваат дека двата проектила биле истрелани кон Криви Рих од окупираниот од Русија Крим, од областа Џанкој.

„Ова повторно и повторно докажува дека за безбедноста на нашите градови, за заштита на нормалниот живот на Украинците и нашите деца, нашата војска мора да има доволно оружје со долг дострел, доволно средства да ги победи терористите. Светскиот притисок за санкции против Русија заслужува значително зголемување“, рече тој.

Самит на мирот

Претставници на американската влада ќе присуствуваат на самитот за Украина во Саудиска Арабија, објави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер на брифинг во понеделникот, велејќи дека не може да даде повеќе детали.

Волстрит журнал во саботата објави дека Саудиска Арабија ќе ги покани западните држави, Украина и големите земји во развој на разговорите на високо ниво.

Самитот на Саудиска Арабија, наводно, треба да се одржи во Џеда за време на викендот за да се разговара за спроведувањето на мировниот план на Зеленски за ставање крај на руската војна во Украина.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор повика на прекин на „ирационалната“ војна во Украина и повика на претстојните мировни преговори на Блискиот Исток да се вклучат претставници и од Украина и од Русија.

Лопез Обрадор рече дека Мексико ќе учествува во мировните преговори само доколку бидат присутни двете страни.

Мексиканскиот претседател се обиде да ја задржи својата земја неутрална во војната, иако неговата влада поддржа некои големи резолуции на ОН против Русија. Мексико одби да испрати оружје во Украина и не воведе санкции против Русија.

Кремљ во понеделникот рече дека ќе го „следи“ состанокот, но во моментов не гледа услови за мировни преговори со Киев.

Некои информации за оваа содржина дојдоа од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG