Линкови за пристапност

Русија издаде налог за апсење на сенаторот Линдзи Грем поради коментарите за Украина


Ќе го носам налогот за апсење издаден од корумпираната и неморална влада на Путин како Значка на честа, реагираше републиканскиот сенатор 
Ќе го носам налогот за апсење издаден од корумпираната и неморална влада на Путин како Значка на честа, реагираше републиканскиот сенатор 

Руското министерство за внатрешни работи денес издаде налог за апсење на американскиот сенатор Линдзи Грем по неговите коментари поврзани со борбите во Украина.

Во монтираното видео од неговата средба во петокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски објавено од канцеларијата на Зеленски, Грем, републиканец од Јужна Каролина, истакна дека „Русите умираат“ и ја опиша воената помош на САД за земјата како „најдобри пари што некогаш сме потрошиле“.

Додека Грем се чинеше дека ги кажал забелешките во различни делови од разговорот, краткото видео од претседателскиот кабинет на Украина ги стави еден до друг, предизвикувајќи бес во Русија.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин Дмитриј Песков, коментираше во неделата велејќи дека „тешко е да се замисли поголем срам за земјата од тоа да има такви сенатори“.

Истражниот комитет, највисоката агенција за криминални истраги во земјата, почна со отворање кривична истрага против Грем, а Министерството за внатрешни работи издаде налог за негово апсење, како што беше наведено денес во неговото официјално досие за барани осомничени за криминал.

Грем е меѓу повеќе од 200 американски членови на Конгресот на кои Москва минатата година им забрани влез во Русија.

Грем коментираше на Твитер, велејќи дека „да знам дека мојата посветеност на Украина го навлече гневот на режимот на Путин, ми носи огромна радост“.

„Ќе продолжам да стојам со и за слободата на Украина додека секој руски војник не биде протеран од украинска територија“, напиша тој на Твитер.

„Ќе го носам налогот за апсење издаден од корумпираната и неморална влада на Путин како Значка на честа“.

XS
SM
MD
LG