Линкови за пристапност

Русија и Украина третпат разменија затвореници во последните месеци


Украински воен заробеник плаче додека им се јавуваше на своите роднини по размената на затвореници на украинско-руската граница, на 31 јануари 2024 година
Украински воен заробеник плаче додека им се јавуваше на своите роднини по размената на затвореници на украинско-руската граница, на 31 јануари 2024 година

Русија и Украина разменија по 95 воени заробеници денес во последната таква размена, откако Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) дејствуваа како посредник, соопштија руското Министерство за одбрана и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Руското министерство за одбрана, во изјава за апликацијата за пораки Телеграм, рече дека руските војници кои се враќаат ќе бидат пренесени во Москва на медицински прегледи и физичка и психолошка рехабилитација.

Се наведува дека ослободените војници се соочиле со „смртна опасност“ во украинското заробеништво.

Украинскиот претседател Зеленски изјави дека ослободените украински затвореници се припадници на украинските вооружени сили, националната гарда и граничната служба.

Зеленски им се заблагодари на Обединетите Арапски Емирати за помошта во олеснувањето на размената.

Размената на затвореници беше трета од ваков вид во изминатите седум недели.

Во последната размена, која се случи во јуни, а исто така беше олеснета од ОАЕ, Русија и Украина вратија по 90 затвореници.

XS
SM
MD
LG