Линкови за пристапност

Русија и Украина соборија спротивставени дронови


Украина известува за повредени, штети од паѓање на остатоци
Украина известува за повредени, штети од паѓање на остатоци

Украинската војска во четвртокот соопшти дека Русија нападнала во текот на ноќта со беспилотни летала и проектили, додека Русија известила за украински воздушни напади насочени кон областа на Москва неколку часа пред претседателот Владимир Путин да ја одржи својата прес-конференција на крајот на годината.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека собориле 41 од 42-те беспилотни летала што ги лансираа руските сили, повеќето од нив над регионот Одеса во јужна Украина.

Олех Кипер, регионалниот гувернер на Одеса, на Телеграм рече дека паѓањето на остатоци оштетило повеќе згради, вклучително и студентски дом. Тој рече дека најмалку 11 лица се повредени.

Кипер рече дека руските сили, исто така, нападнале пристанишна инфраструктура во областа Измаил, лоцирана покрај реката Дунав, уништувајќи неколку магацини.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта нејзината воздушна одбрана уништила девет украински беспилотни летала над регионите Москва и Калуга.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека два од беспилотните летала биле соборени во близина на Наро-Фоминк, град југозападно од главниот град на Русија. Собјанин рече дека нема извештаи за штета или жртви.

Некои информации за овој извештај дојдоа од агенцијата Франс прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG