Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Шји Џјинпинг денеска разговарале телефонски, јави Кремљ, повторувајќи ги нивните силни дипломатски врски, истовремено отфрлајќи го, како што го нарекоа, „мешањето на САД“ во работите на другите земји.
Двајцата разговараа и за создавање „мултиполарен, поправеден светски поредок“ и како ќе продолжат да одржуваат „блиска лична интеракција“ во иднина, рече помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, за време на брифингот со новинарите во четвртокот.
Русија и Кина прогласија партнерство „без ограничувања“ пред две години за време на посетата на Путин на Пекинг. Таа посета дојде само неколку дена пред Русија да ја започне својата инвазија на Украина. Ушаков рече дека сега нема планови за какви било претстојни посети. Двајцата лидери разговараа лично двапати минатата година.
Телефонскиот повик доаѓа откако и двете земји се соочија со санкции во последниве години. САД и нивните сојузници воведоа санкции кон Пекинг во врска со кршењето на човековите права против мнозинското муслиманско ујгурско население во кинеската провинција Ксинџијанг. Русија, пак, беше санкционирана поради нејзината инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Двајцата лидери зборувале и дека нивните растечки економски врски со кинеско-руските односи се на „невидено високо ниво“, се вели во извештајот на Кремљ.
Некои информации за овој извештај се од Ројтерс и Франс прес.