Линкови за пристапност

Русија и Кина – голем предизвик за евро-атланската заедница


На форум во Охрид експерти дебатираа за влијането на Русија и Кина врз Балканот
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:01 0:00

На форум во Охрид експерти дебатираа за влијането на Русија и Кина врз Балканот

Експерти велат дека Кина и Русија се обидуваат на различни начини да го зголемат своето присуство на Западен Балкан

Нестабилен Западен Балкан им одговара на официјален Кремљ и Пекинг. Надворешни актери ги искористуваат слабостите во државите од Југоисточна Европа, користејќи широк опсег на алатки за хибридни закани. Земјите трпат сајбер-напади, кампањи со дезинформации, гранични спорови, велат познавачите на приликите.

„Русија и Кина се голем предизвик за евро-атланската заедница. Тие сакаат да ги искористат постоечките слабости кои се појавуваат во регионот. Тоа се полињата на кои сакаме да работиме за да ги намалиме влијанијата и да ја зголемиме отпорноста на земјите за да не се ранливи и да можат да се спротивстават на нивните влијанија“, рече Бернард Финел, декан на Џорџ Маршал европскиот центар

А, Кина и Русија се обидуваат на различни начини да го зголемат своето присуство на овие простори вели професорот по регионална безбедност од Подгорица, Мехмедин Тахирович.

„И Кина и Русија. Кина пред се во економскиот дел ја користи оваа позиција, со цел да се позиционира како нов светски играч на светската сцена, а Русија отворено отвора процес за пан-славизам на овие простори и со многу интензивни дезинформации ја подрива интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ“, рече Тахирович, професор на Универзитетот „Доња Горица“- Подгорица.

Тој додава дека, Москва не бира средства за да го прави тоа.

„Преку Србија и Српската православна црква се одвиваат многу активности. И тоа е нешто што претставува директен упад на Русија преку дезинформации и преку религиско делување во промените на Западен Балкан и ставање на Западен Балкан во фокус ориентација кон исток, а не кон запад“, вели Тахирович.

Ниту Молдавија, не е имуна на руските влијанија.

„Влијанието на Руската федерација врз популацијата на Молдавија е многу лошо и ова е т.н малигно влијание. Иако Русија не може директно да влијае врз Молдавија, бидејки сме заштитени од Украина, сепак води хибридна војна, преку лажни вести, дезинформации, сајбер напади. Генерално тоа што го слушаме овде е дека и балканските земји се соочуваат со тоа. Сите се соочуваме со истите закани и добро е да ги здружиме силите против нив“, рече Раду Бурдија, извршен директор на Евро-атланскиот институт за градење на отпорност од Молдавија.

Според Бурдија пред Молдавија е важен тест годинава, кој треба да го положи. Тоа се парламентарните и претседателски избори, како и одржувањето на национален референдум, со кој мора да покаже дека е за влез во ЕУ.

„Русија сака да го намали фокусот на западот кон војната во Украина и сите извори на слабост што ќе ги идентификува во нашите земји да ги експлоатира и да има бенефит. Русија е заинтересирана за дестабилизација на регионот и затоа мора да се консолидираме, да ја зголемиме отпорноста и да се справиме со овие предизвици“, рече Бурдија.

Овие ставови беа изнесени на „Охридскиот регионален безбедносен форум“, во организација на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“, Алумни-асоцијацијата на Центарот „Џорџ Маршал“ од Северна Македонија и Одделот за јавна дипломатија на НАТО.

XS
SM
MD
LG