Линкови за пристапност

Русија го продолжи притворот на американскиот новинар


Еван Гершкович ги негира обвиненијата за шпионажа против него
Еван Гершкович ги негира обвиненијата за шпионажа против него

Рускиот суд му го продолжи притворот на американскиот новинар Еван Гершкович до 30 јануари.

Продолжувањето за два месеци беше објавено по сослушувањето зад затворени врати во вторникот.

Гершкович, новинар на Волстрит журнал, беше уапсен под обвинение за шпионажа во март додека бил на патување за известување во Екатеринбург.

Гершкович и весникот ги отфрлија наводите, а американската влада соопшти дека тој бил неправилно приведен.

Амбасадата на САД во Москва соопшти дека претставници на амбасадата присуствувале на сослушувањето во вторникот.

„Длабоко сме загрижени од одлуката на судот да му го продолжи притворот за уште 2 месеци. Го повторуваме нашиот повик за негово итно ослободување“, објави амбасадата на X, порано познат како Твитер.

Волстрит журнал објави дека Гершкович е „неправедно затворен речиси 250 дена“ и повика на негово итно ослободување.

„Обвинувањата против него се категорично лажни и неговото продолжување во затвор е дрзок и безобразен напад врз слободниот печат, кој е критичен за слободното општество“, пишува весникот.

Русија не објави никаков доказ за поддршка на обвиненијата за шпионирање.

Некои информации за оваа приказна дојдоа од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG