Линкови за пристапност

Русија го погоди украинското пристаниште во напад со дрон


Областа на Измаил е постојано погодена
Областа на Измаил е постојано погодена

Украина во вторникот соопшти дека руските сили користеле 38 беспилотни летала за да ја нападнат земјата во текот на ноќта, и дека некои ја поминале украинската воздушна одбрана и предизвикале штета на пристаништето во регионот Одеса.

Олех Кипер, гувернерот на Одеса, на Телеграм рече дека рускиот напад ја оштетил пристанишната инфраструктура во областа Измаил, која е клучен дел од украинскиот извоз на жито на реката Дунав.

Кипер рече дека во нападот биле повредени две лица и оштетени повеќе од 30 возила.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека уништиле 26 од 38-те беспилотни летала Шахед од иранско производство, распоредени од Русија.

Во регионот Керсон во јужна Украина, официјални лица соопштија дека во рускиот напад во текот на ноќта биле повредени најмалку четири лица.

Гувернерот на руската област Курск, која граничи со Украина, во вторникот изјави дека украинско беспилотно летало фрлило експлозив врз трафостаница за електрична енергија, прекинувајќи ја струјата во неколку села.

Роман Старовоит на Телеграм рече дека нема пријавени повредени од нападот.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG