Линкови за пристапност

Русија го погоди пристаништето на Одеса


Русија ја оштетила инфраструктурата за жито на пристаништето во регионот Одеса
Русија ја оштетила инфраструктурата за жито на пристаништето во регионот Одеса

Украинските власти денеска соопштија дека Русија ја оштетила инфраструктурата за жито на пристаништето во регионот Одеса во Украина, како дел од напад со беспилотно летало во текот на ноќта.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Зеленскил, Андриј Јермак рече дека нападот бил насочен кон пристаништето Рени на реката Дунав.

Гувернерот на Одеса, Олех Кипер изјави дека нападот оштетил магацини и складишта за жито во пристаништето. тој рече дека нема пријавно жртви од нападот и дека воздушните сили на Украина собориле речиси 11 руски беспилотни летала над Одеса.

Украинската војска соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана уништила вкупно 13 беспилотни летала во текот на ноќта, велејќи дека Русија користела беспилотни летала Шахед од иранско производство за да ги таргетира Одеса и Миколаев.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нејзините системи за противвоздушна одбрана уништиле три украински беспилотни летала над регионот Калуга. Оттаму велат дека нападот во раните утрински часови не предизвикал повредени или пак оштетувања на инфраструктура.

Некои информации доаѓаат од Асошиетед прес, Агенцијата Франс – прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG