Линкови за пристапност

Русија го гасне пожарот во складиште за нафта предизвикан од украинско беспилотно летало


Руско гранатирање ги погоди Харков и Керсон.
Руско гранатирање ги погоди Харков и Керсон.

Официјални лица во руската област Курск изјавија дека екипа го изгаснала пожарот во складиштето за нафта што два дена претходно беше погодено од напад со украински беспилотно летало.

Гувернерот на Курск Алексеј Смирнов на Телеграм изјави дека во нападот се запалиле неколку резервоари со гориво и дека никој не е повреден.

Во новите напади во вторникот, украинските воздушни беспилотни летала гаѓаа повеќе области во регионот Белгород во Русија, лоциран долж границата со Украина.

Беспилотните летала погодија две села, оштетувајќи неколку домови и земјоделски бизнис, се вели во објавата на Телеграм на гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков.

Украинската војска во вторникот соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана соборила седум руски извидувачки беспилотни летала во текот на изминатиот ден.

Во североисточниот украински регион Харков, руското гранатирање повреди едно лице рано во вторникот, соопштија локалните власти.

Руското гранатирање, исто така, повреди едно лице и оштети неколку куќи во областа Керсон во јужна Украина, според регионалниот гувернер.

Некои информации за овој извештај дадоа агенцијата Франс прес и Ројтерс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG