Линкови за пристапност

Русија ги засилува кибернетските напади врз Украина


Русија ја засилува својата кибернетска војна против Украина, иако нејзините напори во реалниот свет да заземе клучна територија почнаа да опаѓаат.

Вршителот на должноста заменик-шеф на Одделот за кибернетска безбедност на Украина, Иван Калабашкин, изјави дека Москва е одговорна за речиси 1.200 сајбер напади во првите три месеци од 2023 година.

Со тоа темпо, Русија е на пат да треба да изврши вкупно 4.800 напади за годината, што е за 300 повеќе од 2022 година.

„Секојдневно се соочуваме со голем број сајбер напади или критични инциденти од овој домен“, рече заменик-шефот на Одделот за кибернетска безбедност на Украина, Иван Калабашкин.

„Ние се справуваме и со руски специјални психолошки операции кои се над илјада месечо“, рече тој.

Коментарите на Калабашкин доаѓаат во време кога западните официјални лица известуваат дека руските воени напори се забавени.

Британското Министерство за одбрана во средата соопшти дека руските напади врз градот Бахмут, местото на интензивни борби, се „на намалено ниво во споредба со претходните недели“.

И за време на сведочењето во Вашингтон, американскиот генерал Марк Мили, претседател на Здружениот генералштаб, го опиша Бахмут како „фестивал на колење“ за руските трупи.

„За последните дваесетина денови Русите немаат напредок во и околу Бахмут“, рече тој.

Сепак, малкумина американски или западни претставници предвидуваат дека раководството на Русија е подготвено да признае пораз, предупредувајќи дека наместо тоа претседателот Владимир Путин најверојатно ќе ја продолжи војната со Украина, очекувајќи дека поддршката за Украина на крајот ќе престане.

XS
SM
MD
LG