Ружди требаше да се обрати на Jaipur Literary Festival во западната индијска државаРажастан во вторник, но некои муслимански групи се противеа на говорот.
Британско-индискиот автор ја откажа посетата на фестивалот минатата недела откако индиските официјални лица му рекле дека атентатори се упатени кон фестивалот од Мумбаи.
Книгата на Ружди од 1988 „Сатански стихови“се смета за богохулење од многу муслимански лидери. Авторот родум од Индија мина години криејќи се откако иранскиот лидер Ајатолахот Рухола Хомеини изрече фатва (исламска верска пресуда) барајќи негова смрт. Книгата е се` уште забранета во Индија.
Некои од колегите-автори на Ружди на настанот покажаа поддршка за него со читање делови од „Сатанските стихови“ минатата недела.