Линкови за пристапност

Русеф: Бразил е подготвен за првенството


Бразилската претседателка ја отфрли критиката за масивните трошоци за организирањето на настанот.

Бразилската претседателка Дилма Русеф вели дека нејзината држава е подготвена да биде домаќин на Светското првенство во фудбал и ја отфрли критиката за масивните трошоци за организирањето на настанот.

Лути протести еруптираа последните месеци низ Бразил во врска со 11-те милијарди долари колку што беа потрошени за изградба на стадион и сообраќајни проекти во 12 градови каде се одржуваат натпреварите. Демонстрантите велат дека проектите ги презеле средствата наменети за други служби, како оние во здравството и образованието и за големите трошоци ја обвинуваат корупцијата на официјалните лица.

Во обраќање пренесувано на националната телевизија во вторник Русеф кажа дека Бразил ги зголемил средствата за здравје и образование за над 200 проценти од 2010. Претседателката кажа дека и покрај проблемите поврзани со улогата на домаќин на Светското првенство, Бразил е подготвен и со нетрпение чека да го поздрави светот.

Русеф исто така рече дека посебно ќе се ангажира секој инволвиран во коруптивни активности да биде казнет.

Светското првенство започнува во четврток, кога домаќинот ќе игра со Хрватска.
XS
SM
MD
LG