Во округот Ласен во северна Калифорнија, локалната политика и вклученоста на заедницата одат рака под рака.
„Овде одгледуваме говеда, сено, продаваме сено“, вели фармерот Џеф Хемфил.
Но, кога тој не работи на својата земја. Хемфил е избран претставник кој помага во работата на локалната власт.
„Излегов на избори за училишниот одбор, па ред неколку години излегов на избори за универзитетскиот одбор, одлучив да се кандидирам за надзорник на округот Ласен“, вели тој.
Меѓу проблемите со кои се занимава, е и враќањето на загрозените сиви волци во округот. Фармерите велат дека тие убиваат дел од добитокот. Официјални лица од Калифорнија задолжени од диви животни, тврдат дека волците претставуваат мала опасност.
Но, заедницата работи на тоа, нејзиниот глас да биде слушнат на државно и национално ниво. Оттаму велат дека се занимаваат со регулативи наметнати отстрана, коишто довеле до пад на дрвната индустрија и ограничени услуги. Сусанвил, седиштето на округот Ласен е далеку од центарот на сојузната и федералната влада.
Крис Кол е претседавач на Републиканската партија во Ласен:
„Сусанвил е изолиран од Сакраменто, до ист степен како и од Вашингтон. Ние сме оставени сами“, истакна Кол.
Како и поголемиот дел од Калифорнија, оваа рурална област се соочува со периодични пожари.
„Да бидам искрен, не гледам како државата ќе управува со напорите за закрепнување“, додаде тој.
Но, овде самодовербата и вклученоста на заедницата, се начин на живот.
„Ако сакате нешто да сторите, сторете го тоа. Ако сакате подобар град, подобро окружување, подобра земја, тогаш доброволно сторете го тоа. Немојте да чекате владата да дојде и да го направи тоа за вас“, вели Гари Фелт жител на Ласен.
За да се завршат работите во оваа поларизирана ера, клучни елементи се преговарањето и компромисот, вели Дејвид Титер, кој почнал да се занимава со политиката:
„За мене, најголемото прашање е да се најде заедничка основа, бидејќи без тоа, нема да имаме држава“.
Ова е предизвик низ САД, а во округот Ласен луѓето велат дека прават се` што можат, нивните гласови да бидат слушнати.
Facebook Forum