Американскиот претседател Доналд Трамп се консултира со своите адвокати дали може да се одложи пописот закажан за 1 април, откако Врховниот суд го блокираше обидот на неговата администрација да го додаде прашањето за државјанство.
Трамп во порака на Твитер напиша: „Се чини сосема смешно тоа што нашата влада, а всушност и државата, не може да постави основно прашање за државјанство во многу скап, детален и важен попис, во овој случај за 2020 година.“
Врховниот судија Џон Робертс се приклучи на либералните пресуди на судот во одлуката 5-4 и го отфрли објаснувањето на администрацијата, дека прашањето за државјанството требало подобро да го спроведе Законот за право на глас, велејќи дека тоа е „повеќе одвраќање“ одошто објаснување.
Законодавците од двете страни ја коментираа одлуката.
„Администрацијата не направи убедлив случај и претпоставувам дека тие се уште можат да се обидат да го направат тоа“, рече републиканскиот сенатор Линдзи Грахам.
„Мило ми е што судот го виде ова. Се надевам дека понискиот суд нема да донесе поинаков заклучок, но ова беше политичка игра на пописот, што не требаше да се дозволи“, рече демократскиот сенатор Ричард Дурбин.
Противниците на прашањето за државјанството велат дека тоа ќе ги заплаши оние кои немаат државјанство да не одговорат на пописот, што ќе доведе до ситуација да не бидат доволно застапени во Конгресот.
Facebook Forum