Линкови за пристапност

Како професорките на Меган ја опишуваат идната британска принцеза?


Самодовербата и достоинството ја прават Меган да се издвои од другите, се сеќаваат во нејзиното родно место

Патот на Меган Маркл до кралското семејство почнува од соседство во Лос Анџелес, Калифорнија, каде што завршила католичко средно училиште.

Една од нејзините професорки, Кристен Нудсен ја следи нејзината кариера.

„Го покажував нејзиниот говор во Обединетите нации, уште пред таа да се вери со принцот Хари, бидејќи е наш ученик кој направи прекрасна кариера. Иако беше успешна, сепак го задржа чувството да возврати“, вели таа.

Сепак, според неа, самодовербата и достоинството ја направиле Маркл да се издвои од другите.

„Место да се жалиме, ајде да размислиме што може да сториме за да промениме нешто“, го објаснува Нудсен однесувањето на Меган.

За квалитетите на Маркл, зборува и друга нејзина професорка, која го споменува и принцот Хари.

„Мојата прва мисла беше дека тој навистина е многу среќен. Нема идеја“, се смее професорката Мариа Полиа, која ја поттикнала Маркл да ја надмине нејзината срамежливост, и и` помогнала да волонтира во кујна за бездомници во сиромашно соседство.

Нејзиното родно место се подготвува да го следи настанот на деценијата - свадбата на Меган и Хари, која ќе биде ценат на внимание во текот на утрешниот ден.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG