Принцот Чарлс, таткото на принц Хари, ќе ја испрати Меган Маркл до олтарот, јави Кесингтонската палата раноутрово.
Медиумите, пак, пренесуваат дека принцот Чарлс ќе ја придружува Меган до одреден момент на церемонијата во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор, по што се очекува да продолжи сама.
Поранешната американска актерка потврди дека нејзиниот татко нема да присуствува на церемонијата поради здравствени проблеми, по недели шпекулации дали тој ќе ја придружува или не.
Според новинарските извештаи, Томас Маркл, кој живее во Мексико, имал операција на срцето.
Стотици гости се очекува да го посетат историскиот град, за да ја почувствуваат кралската атмосфера.
Илјадници полициски офицери, пак, се подготвуваат да ја изведат една од најголемите безбедносни операции изминативе години.
Facebook Forum