Линкови за пристапност

Принцот Хари се жени, кралската свадба напролет


Британскиот принц Хари и официјално е верен со американската актерка Меган Маркл.

Веста денеска ја соопшти неговиот татко, принцот Чарлс, нагласувајќи дека свадбата е закажана за наредната пролет.

Хари претходно ја информирал нејзиното височество – Кралицата Елизабета Втора, и другите членови на семејството, и побарал и добил благослов од родителите на невестата.

Маркл е позната по улогата во ТВ-драмата Suits, и е амбасадорка за Светската визија за Канада, којашто се залага за подобро образование, исхрана и здравствена грижа за децата ширум светот. Таа воедно е и активист за поголема полова еднаквост.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG