Американската телевизиска мрежа „Еј-Би-Си“ ја откажа новата емисија на Розен Бар, откако таа објави расистички забелешки за Валери Џарет, Афро-американка кој беше советничка на поранешниот претседател Барак Обама.
Бар на Твитер напиша дека Џарет е производ на Муслиманското братство и „Планетата на мајмуните“.
Бар подоцна објави дека и е жал „затоа што направила лош виц“" за Џарет.
Пред да биде избришан на нејзиниот коментар, на Твитер профилот стоеше: „Муслиманското братство и Планетата на мајмуните имаат бебе = вј.“
Навредливите коментари предизвикаа жестока реакција, вклучувајќи и откажување на нејзината емисија која требаше да се прикажува втора сезона.
„Коментарот на Розен на Твитер е гнасен и одвратен и не е во согласност со нашите вредности. Затоа одлучивме да ја откажеме нејзината емисија“ изјави директорот на „Еј-Би-Си“ Ченинг Дунгеј.
Нејзината нова телевизиска емисија беше верзија на старатата која се емитуваше од 1988-97 „Розен.“