Линкови за пристапност

Почина Рос Перо

Ќе остане запаметен како најуспешниот претседателски кандидат од трета партија во речиси еден век

Рос Перо 89-годишниот милијардер и поранешен претседателски кандидат почина по битка со леукемија. Роден во Тексас, тој направи пари во компјутерската индустрија. Служеше во Морнарицата и е познат како застапник на американските затвореници во странство.

Во 1960те тој се обиде да испрати лекови и намирници на воени затвореници во Северен Виетнам. Во 70-те тој организираше упад во Иран за ослободување на двајца негови вработени кои биле држени за откуп. Два пати се кандидираше за претседател, во 1992 и 1996. Првиот пат, како независен кандидат, беше противник на актуелниот претседател Џорџ Херберт Вокер Буш и на Бил Клинтон. Перо немаше никакво владино искуство и тоа го користеше во кампањата. Во дебата, тој еднаш рече:

„Немам искуство во нефункционирачка влада, каде никој не презема одговорност за ништо, и секој обвинува секого“. Тој заврши со 19 проценти од гласовите, со што стана најуспешен кандидат од трета партија за речиси еден век.

This item is part of

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG