Линкови за пристапност

Ден на трудoт - ѕвона, во чест на милиони жени


„Рози Риветер“ (Rosie the Riveter), популарни за време на Втората светска војна, повторно во фокусот

Додека Американците го одбележуваат 4-ти септември, Денот на трудот, една група се надева да фрли светлина врз жените коишто често се нарекуваат „Рози Риветер“ (Rosie the Riveter), инаку култно обележје на Втората светска војна - ги претставува жените кои во тоа време работеле во фабрики и бродоградилишта, а повеќето произведувале муниција и воени материјали.

Во чест на милиони жени од тој период, од кои повеќето се во своите 80-ти години, организацијата Thanks! Plain & Simple, Inc, со почеток во 13:00 часот по локално време, ќе заѕвони на ѕвона „од сојузната држава Мејн до Калифорнија“. Во Вашингтон, за тоа ќе се погрижи Националната катедрала.

„Ние сме подготвени да и` покажеме на Америка што сме направиле досега и што сакаме да направиме“, рече Ана Хес од оваа организација, која на 15-годишна возраст работела во фабрика за производство на гуми за камиони во Акрон, Охајо. „Американците многу малку знаат за нас - илјадниците работни места што сме ги имале, како сме научиле да бидеме независни, додека заедно сме се бореле за слободен свет и да ги вратиме нашите војници дома. Не знаев дека бев Рози додека не наполнив 87 години. Учам многу и зборувам во нивно име, вклучувајќи ја и мојата покојна мајка“.

Додека тешко е да се дознае точниот број на жените од оваа група, од 1940-та до 1945-та година според веб-страницата history.com, жените од 27 проценти од работната сила достигнале на 37 проценти. Тие се занимавале со она што традиционално биле работи за мажи, како составувачки во градежништвото, на пример, производство на муниција и други индустриски работни места поврзани со војната.

„Ми се допаѓаше кога составував авиони во ‘Боинг’ во Сиетл; но, кога мажите се враќаа дома, беа дочекувани со црвен тепих, а ние жените со отказно решение“, вели Маи Криер, која на 18 години работела во фабриката.

За време на војната, имало кампања за привлекување на жените како работна сила, но, како што вели Криер, по војната, ситуацијата за оваа група на жени била поразлична, иако тие се прославувале во филмови, книги и песни.

Сепак, на Денот на трудот, организацијата се надева дека ќе ги потсети Американците за клучната улога што „Рози“ ја имала за време на војната.

„Ѕвоната се едноставен, но моќен начин луѓето да се обединат за да научат, да го запомнат и применат наследството на Рози“, рече основачаката на Thanks! Plain & Simple, Inc, Ен Монтаг.

А жените од таа генерација од целата земја, познати како „Рози“, се повторно подготвени.

„Ќе бидам присутна за ѕвонењето на ѕвоната во Претседателската црква во Квинси, Масачусетс, каде се погребани Џон Адамс и неговото семејство, вели Берта Главин, жителка на Квинси. „Убаво чувство е. Знам дека иако мал, сепак имам придонес во историјата - преку шиењето униформи за нашите војници“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG