Линкови за пристапност

Рон ДеСантис ќе најави кандидатура за претседател на САД на Твитер


Гувернерот на Флорида ова ќе го најави утре за време на дискусијата со извршниот директор на Твитер Илон Маск
Гувернерот на Флорида ова ќе го најави утре за време на дискусијата со извршниот директор на Твитер Илон Маск

Гувернерот на Флорида Рон ДеСантис, чиишто битки околу пандемиските заклучувања и поделените културни прашања го приближија до конзервативците, утре ќе објави дека ја бара републиканската претседателска номинација за претседател на САД, што ќе го стави во позиција на противкандидат на поранешниот претседател Доналд Трамп.

ДеСантис ќе го објави ова на Твитер за време на дискусијата со извршниот директор на Твитер Илон Маск, потврди политичкиот тим на ДеСантис.

Во исто време, тој ќе поднесе документ до сојузната изборна комисија со кој ќе се изјасни за својата кандидатура.

Маск го потврди своето појавување за време на конференцијата организирана од „Вол Стрит Џурнал“, велејќи дека не го поддржува ДеСантис.

„Во моментов не планирам да поддржам некој конкретен кандидат, но ме интересира Твитер да биде нешто како градски плоштад“, рече Маск.

ДеСантис беше реизбран за втор мандат во ноември.

Неговиот зголемен профил меѓу републиканците и моќта за собирање средства веројатно го прават најголемата закана за надежите на Трамп повторно да стане републикански кандидат за Белата куќа.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG