Линкови за пристапност

Ромни млако примен кај африканските Американци


Претседателскиот кандидат од Републиканската партија доби млак прием во средата кога зборуваше пред групата која на минатите избори го поддржа претседателот Обама.

Во говорот во Хјустон, Тексас, на конвенцијата на Националната асоцијација за напредок на обоените луѓе Ромни кажа дека неговата политика и лидерство ќе им помогне на малцинските семејства повеќе отколку што им помогнал претседателот Обама.

Но, публиката изрази незадоволство кога тој вети дека ќе го елиминира планот на претседателот за здравствена реформа познат по прекарот „Обамакеар“.

Уште два пати публиката негодуваше; еднаш кога рече дека Обама не успеал да креира повеќе работни места за време на неговиот мандат, и потоа кога вети дека тој ќе биде кандидатот што „ќе ги направи работите подобри“ за афро-Американската заедница.
XS
SM
MD
LG