Линкови за пристапност

Тајна снимка на Ромни ја разбранува предизборната кампања


Критикува поддржувачи на претседателот Обама за кои тврди дека не плаќаат даноци, но сметаат дека заслужуваат помош од владата.

На тајна видео-снимка, објавена понеделникот, републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни ги отфрла поддржувачите на претседателот Барак Обама како Американци кои веруваат дека се „жртви“ кои заслужуваат помош од федералната влада.

Снимката на Интернет-страницата на либералниот магазин „Мајка Џонс“ е од говорот на Ромни на приватен настан за собирање на донации за предизборната кампања. Магазинот наведува дека една влезница за вечерата во домот на Марк Ледер, менаџер за инвестиции од Бока Ратон, Флорида, чинела 50.000 долари.

Ромни на гостите им вели дека 47% од гласачите кои го поддржуваат претседателот Обама не плаќаат даноци, но веруваат дека „им следува здравствена заштита, помош во храна, покрив над главата и слично“. Тој додава и дека самиот не се „грижи за тие луѓе“, бидејќи никогаш не ќе може да ги убеди да „преземат лична одговорност да се погрижат за сопствените животи“.

Ромни по објавувањето на снимката реагираше дека неговата забелешка не била „елегатно изнесена“. Тој подвлече дека се обидувал да ги истакне разликите со претседателот, кој, како што вели, верува во „општество каде доминира владата“. Републиканскиот претседателски кандидат во реакцијата подвлекува дека разбирливо сака да им помогне на сите Американци, но е убеден дека пристапот на претседателот не ја постигнува истата цел.
XS
SM
MD
LG