Линкови за пристапност

Прелиминарни избори во пет сојузни држави


Мит Ромни, за кој се претпоставува дека ќе ја добие претседателската номинација од Републиканската партија го остри фокусот на општите избори во ноември, додека се обидува да ги убеди гласачите дека е подобар избор да ја води земјата отколку претседателот Барак Обама.

Пет држави имаат прелиминарни избори во вторник, но со неговиот главен предизвикувач надвор од трката, Ромни ќе биде насекаде. На настан во Њу Хемпшир, неговите соработници велат, тој ќе направи транзиција во номинирачкиот натпревар. Се очекува да победи во сите пет држави.

Неговата кампања ја напаѓа политиката на претседателот, објавувајќи соопштенија во понеделникот во кои ја критикува работата на Обама на здравствената грижа и енергија, и прашува што направил Обама за младите луѓе откако дошол на функција.

Обама, демократ, во вторник започнува дводневно патување за промовирање на плановите за попристапно високо образование на застанување на кампуси на колеџи во клучни држави за изборите, во Северна Каролина, Ајова и Колорадо.

Претседателот сака Конгресот да го продолжи важењето на законот што истекува во јули, за да спречи удвојување на каматните стапки на студентските заеми.

Ромни исто така го поздрави планот во понеделникот на застанување во Пенсилванија, една од државите што во вторник имаат прелиминарни избори. Другите се Њујорк, Конектикат, Делавер и Род Ајленд.

XS
SM
MD
LG