Линкови за пристапност

Мит Ромни сака да го победи Обама во 2012-та


Мит Ромни сака да го победи Обама во 2012-та
Мит Ромни сака да го победи Обама во 2012-та

Мит Ромни – поранешен гувернер на сојузна држава и раководител на Зимската олимпијада во Солт Лејк Сити – влегува во претседателската трка

Ромни не успеа да ја добие претседателската номинација во 2008-ма. Но тој со месеци се подготвуваше да направи нов обид да ја добие номинацијата на неговата партија за Белата куќа. Голем број анкети покажуваат дека Ромни води за републиканска номинација пред неколку други кандидати, но само со поддршка од околу еден на секои пет партиски гласачи.

Кандидатот влегувањето во трката официјално ќе го соопшти подоцна во четврток во североисточната сојузна држава Њу Хемпшир, каде клучни избори за номинација ќе се одржат на почетокот на следната година.

Ромни беше гувернер на сојузната држава Масачусетс, вршејќи притисок сеопфатна здравствена заштита да имаат најголем дел од нејзините жители. Тој закон стана модел за национална здравствена заштита поддржана од Обама и со тесно мнозинство одобрене оа Конгресот минатата година.

Голем број републиканци се против националниот закон бидејќи тој бара повеќето граѓани да купат здравствено осигурување, што е иста провизија како во законот на сојузната држава. Ромни требаше да ја брани својата поддршка за мерката на Масачусетс. Тој вели дека не го поддржува националниот осигурителен мандат.

На Ромни му се дава заслуга за преобразување на скандалозните Зимски олимписки игри во Солт Лејк Сити од 2002-та во успех, а подоцна заплови во деловни води и основаше консултантска компанија за менаџмент.

XS
SM
MD
LG