Линкови за пристапност

Ромни презеде чекори за претседателска кандидатура


Ромни презеде чекори за претседателска кандидатура
Ромни презеде чекори за претседателска кандидатура

Поранешниот гувернер на Масачусетс, Мит Ромни, вели дека формирал комисија за испитување на републиканската американска претседателска кандидатура во 2012.

Ромни, на видео снимка објавена во понеделник, кажа дека политиката на претседателот Барак Обама не успеала да ја оживее американската економија. Ромни кажа дека е време Америка да се врати на патот на великоста, со растечка економија, добри работни места и фискална дисциплина во Вашингтон. Ромни исто така зборуваше за својата екстензивна кариера во бизнисот.

Ромни беше неуспешен претседателски кандидат во 2008, завршувајќи втор на претседателските прелиминарни избори зад сенаторот од Аризона Џон Мекејн. Ромни се соочи со прашања за длабочината и искреноста на неговите конзервативни принципи.

Ромни е втор позначаен републикански кандидат кој формирал истражувачка комисија. Поранешниот гувернер на Минесота Тим Поленти неодамна презеде сличен чекор.

XS
SM
MD
LG