Во Македонија, тој е сопственик на националната телевизија БТР, но надвор од нејзините граници, тој раководи со кабинет од 17 министри. Од пред две недели, 48- годишниот Зоран Димов е премиер на Светската ромска влада, избран на Конгресот на Меѓународната ромска организација (International Romani Union - IRU) одржан на 4 и 5 јуни во романскиот град Сибиу, од претставниците на 38 држави до светот.
„Мојата цел е да ги насочам како треба да работат и што треба да направат. Благодарение на денешната технологија, ќе бидеме виртуелно поврзани , дали преку скајп или други мрежи, и ќе ги имаме во секој момент сите информации, секојдневно“, вели Димов, објаснувајќи дека неговата одговорност е уште поголема, бидејќи за првпат во историјата, Ромите во светот избрале своја Влада и Парламент, а токму тој е првиот ромски премиер.
Владата со која раководи Димов ги има карактериститките на националните извршни тела- мандатот е 4 години, со можност за реизбор, на секои три месеци ќе се одржуваат седници, преку интернет и телефонски, ќе се прибираат средства од проекти, фондации и донации од целиот свет, но и ќе се склучуваат договори за соработка со колегите од ресорните министерства во државите каде има ромски заедници. Единствената разлика е што оваа влада за својата работа нема да зема плата.
„Ние бараме секоја влада да учествува со нешто, да ги финансира нашите канцеларии. Тоа беше мојата прва идеја и за тоа разговаравме со пратеникот Амди Бајрам, кога веќе имаме премиер, дали ќе може државата да помогне, да се направи едно добро лоби, можеби во инвестициските програми на државата. Ова е шанса и на овој начин да се направи уште една промоција на земјата низ државите каде што ќе одам. Камо среќа да може државата да ја финансира оваа канцеларија за да можам преку моите патувања со сите министри да носам инвестиции во земјава“, вели Димов.
Меѓу приоритетите на ромскиот премиер е решавање на социјалните проблеми на Ромите – невработеноста, образованието и домувањето, но има и политички амбиции, меѓу кои, како што вели самиот Димов да ја преземат палката во Парламентарното собрание во Стразбур, каде што има седиште Европскиот ромски травел форум, а потоа и средби со највлијателните светски лидери, а меѓу првите на листата е претседателот на САД Барак Обама. Засега единствено договорени се средби во ОН во септември, а најголема помош во промоцијата се очекува од канцеларите на Меѓународната ромска организација во Њујорк, Сибиу, Скопје и Виена.
Изборот на Димов на оваа одговорна функција не е изненадување. Ромите во Македонија се меѓу ретките во светот кои учествуваа со свој министер во националните влади, имаат своја локална самоуправа и раководат со државни агенции и јавни претпријатија. Освен Националната стратегија за Ромите, Македонија заедно Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Романија, Србија, Црна Гора и Словачка е дел од иницијативата Декада на Ромите, која го опфаќа периодот од 2005 до 2015 година, чија цел е унапредување на положбата на Ромите преку реформи финансиски поддржани од Фондот за отворено општество, Светската банка, УНДП, ОБСЕ, Советот на Европа и неговата Развојна банка. Но и покрај сето ова, Ромите во Македонија и натаму секојдневно се соочуваат со сериозни проблеми, поради што најголем дел од нив спаѓаат во ранливите категории граѓани – голема невработеност, недоволно образование, питачење, живот во супстандардни услови. Да ја смени оваа слика пред се` дома, е всушност најголемиот предизвик за Димов.