Линкови за пристапност

Романија близу до енергетска независност


Државата сега е трета во Европа по резерви на енергија, веднаш по Полска и Франција

Еден од украинските соседи, Романија изминативе месеци се најде близу до европската енергетска и политичка криза, која што се заканува дека ќе го наруши снабдувањето на Европа со гас и ќе ја фрли Европската Унија во економски немири и превривања.

И покрај зависноста на континентот од рускиот природен гас и од нафта, Романија е единствената југоисточна европска држава за која се верува дека има доволна количина сопствена енергија и каде кризата во Украина нема големо влијание.

Разван Николеску, романскиот секретар за енергетика, вели дека неодамнешните истражувања покажале дека Романија има значајни крајбрежни извори на природен гас во Црното Море, и очекува закрепнувањето да почне до крајот на 2019 година.

„Овие ресурси и нафтата од неконвенционалните шкрилци ќе и помогнат на Романија да ги задоволи сите енергетски потреби, па дури и да стане извозник на природен гас“, вели Николеску.

Романија задоволува 80 проценти од потребите од сопствени извори на нафта, гас, вода, јаглен и нуклеарна енергија, а останатите 20 проценти ги обезбедува преку увоз од Русија, за разлика од Украина и од Бугарија, кои што речиси целосно зависат од узвозот од Русија.

Покрај значителното снабдување со гас од крајбрежјето на Црното Море, Американската администрација за енергетика вели дека Романија има 1,4 трилиони кубни метри гас, и е трета најголема резерва во Европа, после Полска и Франција.

Кризата која настана поради руското припојување на украинскиот Полуостров Крим и спорот со плаќање сметки меѓу овие две држави, го охрабри Букурешт да бара енрегетска независност.

Во мај американскиот потпретседател Џо Бајден ја посети Романија да разговара за алтернативите за европската зависност од руска енергија, како и можноста Романија да биде врската за енергетскиот пазар меѓу Исток и Запад.

Јулијан Буга, Амбасадор на Романија во САД, вели дека украинската криза ја истакна потребата да се забрза овој процес.

„ Ова не е поврзано само со моменталнта криза во регионот, туку се работи за иднината, бидејќи потребата од енергија ќе се зголемува со текот на времето. Со или без криза, сепак треба да се најдат нови извори. Енергетското прашање секогаш било важно за безбедноста на секоја држава“, вели амбасадорот.

Романскиот секретар за енергетика Николеску додаде дека Европа ќе продолжи да узвезува гас и нафта од Русија, но овие увози ќе бидат во прифатлив процент и ќе направат услови енергијата никогаш повеќе да не се користи како политичко оружје.

Според владините податоци, енергетскиот сектор се очекува да отвори 20,000 работни места во наредната деценијa.

XS
SM
MD
LG