Линкови за пристапност

Ромите во Унгарија


Активисти велат дека секојдневна појава е насилство, заплашување и дискриминација спрема популацијата на Ромите

Четворица осудени лица се дел од банда што извела напади во текот на 13 месеци во 2008 и 2009, убивајќи шест лица и оставајќи ја унгарската ромска популација преплашена.

Во еден напад во селото Татарзентџиорџи, бандата запалила куќа пред да отвори оган на оние кои живееле внатре. Роберт Чорба и неговиот 4-годишен син се убиени, а девојче било сериозно повредено.

Мајката на Роберт, Ерзебет Чорба ја поздрави пресудата, но кажа дека не верува оти случајот ќе донесе поширока правда за Ромите.

Унгарскиот криминален правосуден систем потфрли за Ромите, вели Барбора Чернусакова од Амнести Интернешенал:

„Полицијата навистина нема упатства како да се справува со криминал на омраза, и нема генерални упатства за тоа како да се справи со овој специфичен криминал. А и` недостига и експертиза.“

Во 2009, групи за човекови права се обидоа да ги искористат погребите на лкеновите на семејството Чорба за охрабрување на разбирање меѓу Ромите и другите Унгарци.

Но малку се промени за последните четири години, вели Силвиа Варо од групата Комуникациски центар Х:

Унгарското општество е многу фрагментирано и скршено на два дела, вели Варо. „Има наши мртви и нивни мртви, има наше сеќавање и нивно сеќавање и многу ретко тој јаз се премостува.“

Ромите живеат во Унгарија и нејзините соседи со векови. Групи за поддршка велат дека паѓањето на комунизмот, и во поново време глобалната финансиска криза – ги погодило Ромите непропорционално тешко.

Во меѓувреме, анти-ромските политички партии како Јобик се во пораст, вели Барбора Чернусакова.

„Има многу наводи во минатото дека Јобик практично ги користел Ромите и другите групи како жртвени јагниња за општото чувство на нелагодност заради економската криза.“

Чернусакова вели дека Ромите трпат дискриминација во однос на пристапот кон образование и здравствена грижа.

Започнувајќи во јануари 2014, романски и бугарски граѓани, вклучувајќи и етнички Роми, ќе имаат слободно движење во рамки на европскиот пазар на труд. Европската Унија ги повикува земјите членки да сторат повеќе за интегрирање на 12-милионската ромска популација.

Но, активистичките групи велат дека е време ЕУ да преземе казнени мерки спрема државите кои ги обвинуваат за континуирана дискриминација.
XS
SM
MD
LG