Во писмената порака Клинтон кажа дека Ромите даваат придонес во заедниците низ целиот свет, на мали и големи начини во културата, музиката и уметноста. Тоа исто така е прилика, додаде таа, да се комеморира историјата на храбар отпор против нацистичкиот прогон.
Клинтон објави дека во наредните денови ќе бидат лансирани две нови програми за помош на Ромите во Романија, Молдавија, Словачка и Унгарија, како дополнение на поддршката на Ромите во Бугарија, Србија, Македонија, Косово и насекаде низ Европа. Помошта, меѓу другото, се состои од зголемување на легалната асистенција, проширување на образовните можности и помош на Ромите да ја зајакнат новата генерација на лидери од нивните заедници.