Линкови за пристапност

Ролинг Стоунс ќе одржат бесплатен концерт во Куба


Легендарната рок група на 25-ти март во Хавана

„За време на нашата долга кариера сме настапувале на многу значајни места, но овој концерт во Хавана ќе биде најзначаен настан за нас и се надеваме за сите наши пријатели во Куба, исто така“ стои во соопштението на бендот. ((http://www.rollingstones.com/2016/03/01/the-rolling-stones-announce-free-concert-in-cuba/ ))

Концертот ќе се одржи неколку дена откако Барак Обама ќе биде првиот американски претседател на функција, што ќе го посети комунистичкиот остров во последните 90 години.

Во декември, 2014 година, Обама најави дека САД ќе ги обнови дипломатските односи со Куба и ќе започне процес за нормализирање на односите, по повеќе од педесет години.

Дипломатскиот односи меѓу Вашингтон и Хавана формално беа обновени на 20-ти јули, 2015-та.

XS
SM
MD
LG